Skip to main content

Комисија за заразни болести

Прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје предлага Комисијата за заразни болести

Фокусот се става на пополнување на пропуштената вакцинација против оваа заразна болест и во таа насока Комисијата препорачува забрана за прием во градинка на деца невакцинирани за Пертусис.
 |  инфодеск  | 

Комисијата за заразни болести одлучи да предложи на Mинистерството за здравство прогласување на епидемија на голема кашлица на територија на град Скопје. Одлуката доаѓа откако се потврдени 18 случаи на Пертусис или голема кашлица од кои 15 на територија на Скопје и поради тоа што бројката на заразени изминатите денови расте. Епидемија звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во  справување со ризокот кој доаѓа со оваа болест, изјави Др. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за Заразни болести.  Тој додаде дека од страна на Институтот за јавно здравје е подготвено  Упатство за постапување во услови на епидемија но потенцира дека клучна е вакцинацијата на децата против оваа заразна болест.

„ Клучните активности треба да бидат насочени кон пополнување на испуштената вакцинација  бидејќи опфатот на вакцинација против Пертусис не е на задоволително ниво. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар, ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација. Исто така препорачуваме забрана за прием во градинка на деца невакцинирани за Пертусис.“

 Очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација бидејќи фокусот на заштита е на најмалите деца бидејќи оваа болест е најтешка за нив, кажа Др Петличковски . Имунизациајта за Пертусис по редовниот календар започнува во вториот месец и дури и една доза заштитува од сериозен тек на болеста.