Пролонгиран рокот за влез на TAV на Аеродромите
Рокот за стапување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите во Македонија е продолжен на 30.08.2009 година.
Рокот за стапување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите во Македонија е продолжен на 30.08.2009 година.
Ваква одлука донесе владата, во врска со договорот склучен на 24.09.2008 со турската компанија TAV Havalimanları Holding A.Ş. за концесија на „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип.
Според тој договор, концесијата требаше да стапи во сила најдоцна три месеци по неговото потпишување.
Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради која настанаа непредвидливи случувања и истите претставуваат настан од виша сила чие појавување не можеше да биде разумно предвидено на датумот на потпишување на Договорот за Концесија, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.
За таа цел, македонската влада, претставувана од Министерот за транспорт и врски и TAV (TAV Havalimanları Holding A.Ş. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје) ќе склучат (потпишат) анекс (прилог) кон Договорот за концесија.
Освен реконструкција на охридскиот и скопскиот, турските инвеститори се обврзани да изградат и карго аеродром во Штип.
Целата инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра, а за возврат турската компанија ќе стопанисува со аеродромите во следните 20 години.
{loadposition content9}