Skip to main content

Промоција на 17 научни книги од економската област

На Економскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе бидат промовирани 17 преведени книги со економска тематика од проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

 |   | 
ekonomski fakultet shtip
економски факултет штип

ekonomski fakultet shtipНа Економскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе бидат промовирани 17 преведени книги со економска тематика од проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски во придружба на министрите за образование и наука и за култура, Никола Тодоров и Елизабета Канческа–Милевска.

Груевски, кој денеска ќе престојува во посета на Штип, заедно со директорот на МЕПСО Владимир Здравев ќе ја пуштат во употреба и новата 400/110 KW трафостаница, лоцирана во индустрискиот дел на градот.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски престојот во Штип ќе го искористи и за посета на галеријата на икони поставена во црквата „Свети Никола“, како и на археолошката поставка во штипскиот Завод и музеј.

Оваа вест е преземена од: Сител


{loadposition content}