ДЗС : Просечната нето плата за јануари е речиси 34 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33.943 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 50.837 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (23,4%), градежништво (20,9%) и информации и комуникации (17,3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (5,1%), преработувачка индустрија (5%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5%).