Протест во 13 часот како израз на револт на трагичната смрт на 22 годишната Фросина и кон судската одлука кога возачот бил ослободен за поседување на дрога
Повици за протест се и со барање да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.
| инфодеск | Македонија

Згасна животот на 22 годишната девојка полна со живот, Фросина Кулакова од Неготино. Кривичниот суд вчера му одреди притвор во траење од 30 дена на Васил Јованов, кој во моментот на несреќата бил пијан, возел без возачка и со голема брзина на црвено на семафорите во близина на Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“.
Граѓани најавија дека денеска во 13 часот излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина Фросинa. Повици за протест се и со барање да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.
