Протест на пензионерите
Незадовоството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација е причина за протест кој ќе се одржи утре пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), стои во информацијата од пензионерите.
Незадовоството ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и организирање протест пред седиштето на СЗПМ на 28. март 2023 година, во 11 часот, со поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на ваквиот процес на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари – стои во информацијата на пензионерите.
На протестот ќе се прочита платформа со заеднички барања на пензионерите од сите здруженија во Републиката и ќе се понудат решенија за излез од проблематичната состојба во пензионерската организација.