Skip to main content

Протест против полициска бруталноство Скопје

Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи синоќа во Скопје во 23 часот ја блокираа улицата на автобуската позната како Рекорд во знак на протест за смртта на 22 годишното момче за кое очевидци тврдат дека бил претепан од припадник на специјалната единица за брза интервенција Алфи.

 |   | 
sveki
свеќи

sveki Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи синоќа во Скопје во 23 часот ја блокираа улицата на автобуската позната како Рекорд во знак на протест за смртта на 22 годишното момче за кое очевидци тврдат дека бил претепан од припадник на специјалната единица за брза интервенција Алфи.

По собирот во Градскиот парк, насобраните седнаа на асфалтот и испратија порака до надлежните да се открие вистината за смртта на момчето, кое настрада пред два дена на скопскиот плоштад. Групата ги повика надлежните во министерството за внатрешни, да го откријат и санкционираат вработениот што го претепал момчето до смрт. Беше отворена и петиција преку која младите, кои преку социјалните мрежи се собраа во центарот на Скопје, побараа да се расчисти убиството, да се укине единицата АЛФА и да престане полициската бруталност врз младите. Од таму младите се упатија кон МВР, но таму ги пречека кордон полиција.
Од скопската полиција излегоа со поинаква верзија за случајот – тврдат, дека момчето било донесено од неколку лица, од местото каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека веднаш била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед, била констатирана смрт, но, како што велат од МВР, не биле забележани траги на насилство. Телото било предадено на обдукција. Веќе во текот на денешниот ден е можно форензичарите да ги добијат резултатите за причините за смртта, но и да го утврдат идентитетот на несреќното момче.

Според последните информации, најавено е протестот да продолжи денеска во 16:00 часот пред куќата на Мајка Тереза.

{loadposition content9}