Skip to main content

Протести за судските пресуди за случајот „Монструм“

Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд-Скопје кон Јајапашината џамија.

protesti
протести

Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд-Скопје кон Јајапашината џамија.

protestiДемонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата.

Околу илјада насобрани лица по попладневната молитва тргнаа од кај комплексот Чаирчанка, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за шестмината обвинети во случајот петкратно убиство на Смилковското езеро.
Насобраните кај ТЦ Мавровка со камења се нафрлија кон полицијата. Главно млади луѓе скандираат пароли во кои може да се слушнат зборовите „Полиција“, „УЧК“, „Терористи“, „Алах Акбар“ и носат албански знамиња и знамиња со исламски обележја.
Сообраќајот во тој дел од градот е во застој и силни полициски сили ја обезбедуваат околината.

На теренот полицијата располага со воден топ и службени кучиња, како и возила на Брза помош.

Во понеделникот (30-ти јуни) судот донесе пресуда со која шест лица се осудени на доживотна затворска казна за петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смилковското езеро. За еден од осомничените судот донесе ослободителна пресуда.

{loadposition content9}