Skip to main content

Првиот ден од зимата, со сибирски температури

Денеска според астрономскиот календар е 21 декември, првиот ден од зимата, на кој се забележани и најниските температури во Македонија годинава.

Ohrid
Охрид

Денеска според астрономскиот календар е 21 декември, првиот ден од зимата, на кој се забележани и најниските температури во Македонија годинава.

Вечерва точно во 18.47 минути ќе настапи астрономската зима, денот е познат како зимска краткоденица. Зимата ќе трае до 21 март.

Првиот зимски ден е најкраткиот ден во годината со најдолга ноќ. Сонцето денеска изгреа во 7.00, а ќе зајде во 16 часот и 07 минути . Месечината зајде во 9.54, а ќе изгрее во 20.56 часот.

Изутрината, на првиот ден од зимата се забележани и најниските температури годинава. Во Скопје живата во термометарот се спушти до -14, а девет степени под нулата се измерени во Крива Паланка, Струмица и Демир Капија. Во скијачките центри Маврово и Попова Шапка е измерена температура од -5 и -6 целзиусови степени, а -2 се измерени во Битола, Гевгелија и Дебар. Температура од 0 целзиусови степени е измерена единствено во Охрид.

Од УХМР предупредуваат на опасност од појава на голомразица, особено на местата каде што викендов наврна снег, кој поради ниските температури замрзна и го отежнува движењето на пешаците.

Студеното време ќе се задржи до среда, кога се очекува благ пораст на температурите. Кон крајот на неделата се очекуваат повтoрно ниски температури и врнежи од дожд кои потоа ќе поминуваат во снег.

{loadposition content9}