Skip to main content

Прва сончева централа за производство на струја во Македонија

Компанијата „Петро М“ денеска ќе ја презентира инсталираната опрема во првата централа за производство на струја на сончева енергија во Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
solarna energija
соларна енергија
solarni paneliКомпанијата „Петро М“ денеска ќе ја презентира инсталираната опрема во првата централа за производство на струја на сончева енергија во Македонија.

Инвестицијата за фотоволтната централа е во целост на „Петро М“, а опремата е набавена во соработка и партнерство со компаниите „Сан пауер“, „Фрониус“ и „Вурт“.

Соработката на „Петро М“ со американската компанија за производство на панели „Сан пауер“ почна во март лани, а првите панели беа испорачани во април годинава. Со „Фрониус“, австриска компанија за производство на инвертори ДЦ/АЦ, партнерството е воспоставено исто така лани, а првите инвертори беа испорачани извршени минатиот месец.

Со двете компании „Петро М“ има партнерски статус за сите идни проекти не само во Македонија, туку и во Албанија, Србија и на Косово. Инвестицијата во целост е на „Петро М“.

{loadposition content9}