Skip to main content

Религија

Првата заедничка литургија меѓу МПЦ – ОА и СПЦ

Македонските и српските архиереи пред половина час почнаа да служат литургија за помирување во Храмот „Свети Сава“ во Белград.
Првата заедничка литургија

Македонските и српските архиереи пред половина час почнаа да служат литургија за помирување во Храмот „Свети Сава“ во Белград.

Српскиот патријарх Порфириј вчера ја пречека македонската цркована делегација, а од чинот на пречек и од поздравувањето постави видео на својата Фејбук-страница.

Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар и Тимотеј, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум во Охрид и Архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон во Скопје.

литургија

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија вчера одлучи да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква, а истовремено е потпишано и писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, со благодарност за признавање на канонскиот стaтус на МПЦ-ОА.

Патријархот на СПЦ Порфириј утрово ја пречека делегацијата на „Охридската архиепископија“ предводена од архиепископот Стефан во близина на храмот на Свети Сава во Врачар.

Заедно со патријархот, гостите од Македонија ги пречекаа бројни владици на СПЦ, а во црквата биеја камбани во знак на братско помирување.

Поглаварот на Српската православна црква и архиепископ Стефан денеска ќе служат „литургија на помирување“.

„Како што бијат камбаните на храмот ’Свети Сава‘, така и нашите срца бијат од радост за овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брате, архиепископе Стефан и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта вие и целиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа!“ – стои во постот покрај видеото објавено од Патријархот на СПЦ Порфириј.А.