Првични неофицијални резултати ДИК: Силјановска-Давкова 39%, Пендаровски 19%
Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.
Од она што како резултати е објавено на интернет страната на ДИК , од обработени 71% од избирачките места, во водство е кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова со освоени 39% од гласовите пред кандидатот н Стево Пендаровски кој има 19%.
Следуваат кандидатот Бујар Османи со 14,58%, Арбен Таравари со 10,49%, Максим Димитриевски со 8,42%, Билјана Ванковска со 4,50 % и Стевчо Јакимовски со 0,87%.
ДИК најави дека првичните неофицијални резултати од првиот круг на претседателските избори ќе ги соопшти околу полноќ. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од конечност на гласањето.