Skip to main content

Прво место за Велјан Митровски на Саемот за наука во Вашингтон

Дванаесет-годишниот Македонец две години по ред освојува награда на училишниот натпревар на ниво на американскиот главен град – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија.

 |  Маја Савиќ  | 
Veljan Mitrovski
Велјан Митровски
Veljan MitrovskiДванаесет-годишниот Македонец две години по ред освојува награда на училишниот натпревар на ниво на американскиот главен град – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија.

Мина една година откако Велјан Митровски освои прва награда за изумот за заштеда на електрична енергија во системот за регулирање на сообраќајот.  На победничкиот пиедестал на натпреварувањето на ниво на основни училишта во главниот град Вашингтон повторно се искачи годинава.  Сега направил споредба меѓу соларна плоча и ветерна турбина – чиј генератор произведува повеќе електрична енергија?

„Во овој проект споредував два генератори – соларен панел и ветерна турбина. Соларниот акомулира енергија од сонцето, сијалици или други ресурси. Кај ветерната турбина тоа е поинаку.  Ветрот им помага на турбините да се вртат.  Акумулира енергија и ги осветлува сијаличките“ вели младиот Македонец.

Велјан, кој во САД живее само неколку години, работел три месеци на анализата.  Доколку сакате да инсталирате соларни плочи или ветерна турбина за електрична енергија, Велјан ја препорачува втората варијанта, затоа што акумулира енергија и навечер.  Со ентузијазам на млад истражувач наведува дека неговиот проект би можел да се спроведе во Македонија, но би чинело многу пари – пресметува 60 илјади долари за снабдување на една куќа со ветерна турбина.

Му било чест што го претставувал училиштето, а соучениците се горди што ја освоил наградата.  Ова момче по се` другото личи на врсниците:  навива за спортски клубови од Вашингтон, сака видео-игри, а за симпатии, нормално, не коментира.  Минатата година, за освоената награда, од татко му доби подарок – лап-топ.  Не го крие задоволството дека годинава ќе добие нов Ај-под-тач.


{loadposition content9}