Skip to main content

Разговори Македонија – НАТО

Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата.

Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски
Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата.
Во текот на денешниот ден министерот Коњановски ќе има средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за операции, Лоренс Росин, како и со амбасадорите на Романија, Сорин Думитру Дураку, на Шведска и на Норвешка, Вероника Ванд – Даниелсон и Ким Траавик и со канадскиот амбасадор при НАТО Роберт МекРеи. Во попладневниот дел од програмата предвидени се билатерални средби на македонскиот министер за одбрана со НАТО амбасадорите на Италија и Франција, Стефано Стефанини и Паскал Андреани. Министерот Милошоски, пак, денеска во Мисијата на Европската унија ќе има средби со европратеници.

Zoran KonjanoskiНа вториот ден од работната посета, кога е предвидена и средбата со Шефер, двајцата министри ќе се сретнат и со американскиот амбасадор при НАТО Курт Вокер. Министерот Коњановски ќе има средби и со амбасадорите на Данска, Шпанија и на Обединетото Кралство при НАТО, Пер Поулсен – Хансен, Карлос Миранда и Стјуад Елдон.
По дводневната работна посета на Брисел, министрите Антонио Милошоски и Зоран Коњановски заминуваат за Холандија, каде што во притворската единица во Шевенинген ќе го посетат Јохан Тарчуловски.

 

{loadposition content9}