Разрешен Јавниот Обвинител Марко Зврлевски
Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата
Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.
Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката ја поздравија со аплауз.
Инаку, предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен рд во Собранието на 12 јули, а дискусијата траеше до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата откако стигна мислењето на Антикорупциската комисија.