Регионален форум на МАРРИ иницијативата во Охрид
Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ.
Предвидено е на форумот да бидат разгледани досегашните активности на МАРРИ центрите со посебен осврт на изминатата година кога претседавач со иницијативата беше МАРРИ регионалниот центар Скопје. На Форумот ќе бидат презентирани и усвоени нови МАРРИ документи за поквалитетно реализирање на зацртаните цели и задачи, а се очекува да биде усвоена и заедничка декларација.
Најавено е присуство и на претставници на Чешката Република како актуелен преседавач со Европската унија, на Европската комисија и на Регионалниот совет за соработка.
МАРРИ иницијативата е регионална асоцијација на шест земји од Балканот и тоа Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
{loadposition content9}