Регистриран нов земјотрес во Македонија
Во Македонија се регистрирани два земјотреси во два дена
| инфодеск | Македонија
Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.58 часот е почувствуван во Македонија.
Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри.
Вчера и во Скопје околу пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар пет километри источно од Скопје.
Според сеизмолозите вчерашниот и денешниот земјотрес немаат предизвикано оштетувања, но апелираат до граѓаните дека може да го користат бесплатниот број 195 за пријавување на било какви проблеми кои настанале како последица на потресите и поднесување пријави за проверка на стабилноста на објектите.