Македонско еколошко друштво
Регистрирано присуство на балканскиот рис и на Илинска-Плакенска Планина
По 15 години работа на Илинска Планина, Македонското еколошко друштво потврди присуство на балкански рис.
| инфодеск | Македонија
Македонско еколошко друштво сподели убава вест дека по 15 години регистрирале присуство на балкански рис на Илинска-Плакенска Планина
– По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија, велат од МЕД.
Сесијата на фото-замки МЕД ја реализирале со помош и соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар.