Регулаторната комисија ќе соопшти за колку ќе поскапи струјата
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да соопшти за колку ќе поскапи струјата.
EVN

Ова вчера, по средбата со претставниците на трите енергетски компании во Македонија ЕЛЕМ, Мепсо и ЕВН, го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Славе Ивановски.
Раководството на ЕВН изрази незадоволство од најавената одлука на регулаторите бидејќи со неа на ЕЛЕМ ќе му се зголеми струјата за 37 отсто, на Мепсо за 13 отсто, а на ЕВН само за 0,44 отсто.
Австриската компанија најави дека откако ќе биде донесена одлуката ќе поднесе жалба до соодветните институции.