Ренгенски фотки, отсега многу побрзо
Најсовремениот тип апарат за компјутеризирана томографија со 128 детекторски реда, заедно со уште два радиолошки ехо-апарати и мамограф вчера пред премиерот Никола Груевски беа промовирани на Универзитетската клиника за радиологија.
Според д -р Надица Митревска, директор на Универзитетската клиника за радиологија, наесен ќе се постави и новата магнетната резонанса со јачина на магнетно поле 1,5Т, ќе се постави и ангиографски систем со дигитален детектор за ангиографски, васкуларни, церебрални и периферни дијагностички интервентни процедури.
– Со оваа најсовремена опрема, вредана околу 6 милиони евра, располага нашата клиниката и со неа ќе можат да им се пружаат врвни медицински услуги на пациентите – вели д-р Митревска и додава дека оваа софистицирана опрема ќе им овозможи на стручните лица да се занимаваат и со научна дејност.
Министерот за здравство, Бујар Османи, смета дека со новата апаратура, што е дел од големиот тендер, ќе се скратат листите на чекање.
– Со тендерот е предвидено да бидат обезбедени 12 магнетни резонаси за целата земја -потсети Османи.