Денес се празнува Рождеството на Исус Христос – Божиќ
Денес православните верници го празнуваат Божиќ, големиот христијански празник посветен на раѓањето на Исус Христос. Божиќ претставува симбол на љубовта, мирот, надежта и новиот почеток.
Празникот се одбележува по вчерашната Бадникова вечер, кога во домовите се собира семејството, се крши бадниковата погача и се испраќаат пораки за здравје и благосостојба. Утрото на Божиќ започнува со традиционалниот поздрав „Христос се роди“, на кој се одговара „Навистина се роди“.
Во црквите низ земјава се служат свечени божикни литургии, а верниците со молитва и духовна радост го одбележуваат раѓањето на Спасителот. Божиќните обичаи и традиции, кои се пренесуваат од генерација на генерација, ја збогатуваат културната и духовната вредност на празникот.
Божиќ е потсетник на значењето на семејството, солидарноста и грижата за ближните, особено за оние на кои им е најпотребна поддршка.
Нека е честит Божик – за многу години!