Skip to main content

ЕУ интеграции

САД сакаат да ја видат Македонија во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД за европски прашања, Габриел Ескобар.
Ковачевски и Ескобар

САД сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ, кажа при денешната посета на Македонија, Заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар. Тој на новинарско прашање во врска престојната средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој неодамна изјави дека не е подготвен да трпи тортура и притисоци за да се согласи на уставните измени, низ смеа кажа дека не е дојден за тоа.

„Нема никого да го подложувам на тортура овде. САД не избира влади за земјите на НАТО. Но, поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот, е дека САД ги гледа како природни партнери, оние коие се посветени на ЕУ интеграциите, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа јасно да го посочам. Но, исто така сакам да слушнам и да има отворена размена на гледишта. Се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да и кажеме на јавноста“,- посочи Габриел Ескобар – Заменик помошник државен секретар на САД.

Премиерот Ковачевски истакна дека е реален оптимист и оти верува дека следна членка на Европската Унија ќе биде С.Македонија. Тој уште еднаш ги повика пратениците во Собранието и нагласи дека се претставници на граѓаните, да се одважат и да гласаат за европската иднина на државата. Премиерот посочи дека преговарачката рамка која е основа на преговорите на С.Македонија со ЕУ е документ одобрен од сите замји членки на Унијата, поддржан од стратегиските партнери и дека во неа има услови кои ние како земја треба да ги исполниме, како што има и обврски кои треба да ги преземе ЕУ, а дел од нив веќе презела.

„Нов догoвор нема да има. Нема можност за репреговарање на Преговарачката рамка. Со оваа рамка која е одобрена во Собранието, имаме целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет и можност да се движиме напред. Бугарските односи со Бугарија се токму тоа, билатерални и тие нема да влијаат врз процесот на евроинтеграциите. Уште еднаш потврдивме дека нови барања не може да има“, – порача Димитар Ковачевски – Премиер на РМ.

На новинарско прашање како ќе го коментира процесот на уставни измени кои почнаа во Собранието, Ескобар рече дека му е мило што почнал процесот, бидејќи САД сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ. Ескобар од вчера е во дводневна посета на Македонија. Тој вчера се сретна со претседателот Стево Пендаровски, утрово имаше состанок со премиерот Ковачевски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер.На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.