Сајбер-просторот како место за ширење омраза
Околу стотина Македонци годинава поднеле претставки до Дирекцијата за заштита на личните податоци за нарушување на честа и угледот и за изнесување невистини од страна на таканаречените хејтери (мразачи) во сајбер-просторот, објави Нова Македонија.

Освен оваа категорија граѓани, според надлежните, за само 12 месеци во македонскиот интернет-простор биле регистрирани над 25 илјади видеоклипови со ксенофобична или националистичка содржина. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се поставени повеќе од 300 видеоклипови, а исто толку клипови има и со содржина што содржи малтретирање.
Во исто време биле регистрирани и над 41 милион изрази на пцости и невкусни зборови напишани со кирилско писмо и околу 106 милиони такви изрази со латинично писмо, вели официјалната статистика.
Од февруари годинава кривичното законодавство ќе ги гони и оние што шират омраза, тенденциозни невистини и малтретираат на Интернет. Промената на членот 391 од Кривичниот законик укажува дека секој што со злоупотреба на положбата или овластувањето преку е-омраза од која било дискриминаторска основа ќе предизвика насилство ќе се биде казнет со затвор од една до десет години.
{loadposition content9}