Skip to main content

Само Македонците ќе возат 2 килограмски ПП апарати

Македонија е единствената земја на континентот каде стриктно се бара апаратот да биде од два килограма. Во поголем дел од европските земји апаратите се задолжителни, но не е наведено колкав да биде тој апарат.

 |  Маја Савиќ  | 
pp-aparat
пп-апарат
pp aparatМакедонија е единствената земја на континентот каде стриктно се бара апаратот да биде од два килограма. Во поголем дел од европските земји апаратите се задолжителни, но не е наведено колкав да биде тој апарат

Македонија е првата земја во Европа која воведува правило во секој автомобил да има две килограмски противпожарен апарат со АБЦ прашок. Според деталниот опис на правилниците за сообраќај на европските земји на британската автомобилска асоцијација, Македонија е единствената земја на континентот каде стриктно се бара апаратот да биде од два килограма.

Во поголем дел од европските земји апаратите се задолжителни, но не е наведено колкав да биде тој апарат. Во останатите земји пак, патничките возила не мора да бидат опремени со вакви апарати.

Во Македонија нема одредено конкретна глоба за неносење против пожарен апарат. Доколку не поседувате апарат, се смета дека не ви е потполна задолжителната опрема, а висината на казната за нецелосна опрема е 120 евра. Казната во Бугарија за непоседување апрат е 10 евра.

{loadposition content9}