Skip to main content

Санкционирани 265 возачи на територијата на цела држава

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
 |  инфодеск  | 
МВР

Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи. Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.