Skip to main content

СДСМ не ги подигна уверенијата за пратенички места

Опозициската СДСМ денеска не се појави во Државната изборна комисија за да ги подигне уверенијата за пратенички места.

DIK
ДИК

Опозициската СДСМ денеска не се појави во Државната изборна комисија за да ги подигне уверенијата за пратенички места.

Пратениците на опозицијата требаше во 11 часот лично од ДИК да ги земат мандатите, но никој од нив не се појави по најавата дека ќе ги вратат пратеничките мандати.

sobranieВо Државната изборна комисија не се присутни ниту претседателот Никола Рилковски, ниту претставникот нивни во Комисијата, Виолета Дума.

При врачувањето на пратеничките мандати Имер Алиу од ДПА одби да се ракува со потпретседателот Супхи Јакупи и обвини за изборен фалсификат во Чаир.

Пратеничките мандати ги земаа и пратениците од ДУИ. Меѓутоа, во ДИК не се појави претседателот на партијата Али Алмети.
Државната изборна комисија преостанува да им ги врачи уверенијата на избраните пратеници во Собранието на Коалиција ВМРО-ДПМНЕ и други во 12:30 и Коалиција ГРОМ во 13:30 часот.

{loadposition content9}