Skip to main content

Се бара одговорност од скопската Зоолошка за угинатата мајмунка од видот сијаманг

Од Зоолошката денес ги демантираат шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување.
 |  инфодеск  | 
??????????

Од скопската Зоолошка градина информираа дека почина мајмунка од видот сијаманг, додавајќи дека точните причини за смртта ќе ги објават откако ќе ги добијат официјалните резултати од обдукцијата направена од стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина.

Веста за смртта на мајмунката првично беше објавена од Членот на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, кој рече дека женката била бремена и дека тајно била носена во приватни ветеринарни ординации.

Од Зоолошката денес ги демантираат шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување.

-Животните од скопската Зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави било каков прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда. Нивната благосостојба постојано будно се следи од страна на вработените во Скопје ЗОО, а благодарение на Факултетот за ветеринарна медицина имаме пристап до најсовремено лекување, дијагностицирање и третман на животни. За жал, како и кај луѓето, така и кај животните, не секогаш може да се избориме со некои заболувања, иако се преземени сите можни здравствени мерки, стои во соооштението од скопската Зоолошка.

Инаку, сиjамангот спаѓа во групата човеколики мајмуни и е најкрупен мајмун од фамилијата гибони. Главните карактеристики на овој вид мајмун се тоа што два прста на секоја дланка се споени меѓу себе, имаат јаки фамилјарни врски и гласно врескаат. Женката е доминатна, а мажјакот (кој е покрупен) и младите (најчесто 1-2) секогаш се во нејзина близина.