Skip to main content

Државен завод за статистика

Се намалува бројот на ученици во основните и средните училишта

Она што се забележува со се поголем број празни клупи во училиштата низ градовите во државава , го потврдуваат и податоците од Државен завод за статистика.
 |  инфодеск  | 
Училница

На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184 910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69 378, што е намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.