Skip to main content

Регулаторната комисија за енергетика

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари по литар.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 84,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,00 денари за литар.

За 1,50 денари се намалува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и еден литар ќе чини 76,000 денари.

Поскапува Мазутот М-1 НС за 0,442 денари и цената на еден килограм ќе изнесува 43,343 денари.