Skip to main content

Внимавајте каде споделувате лични податоци

Сѐ поголем број граѓани се жртви на он лајн измами и злоупотреба на лични податоци

Со новото европско потрошувачко право, имплементирано во новиот Закон за заштита на потрошувачите, ќе биде и регулативата или можноста, социјалните мрежи или мотори за пребарување, да бидат полицајци на своите платформи, за да не дојде до измама на потрошувачите.
онлајн измами

Со френетичната експанзија за интернет просторот, се зголемува и бројот на закани, кои го демнат граѓанинот во овој виртуелен свет. Несаканите дејствија се движат од ситни разочарувања, при он-лајн купувања, до сериозни измами и злоупотреба на нивните лични податоци за најразлични криминални дејствија. Експертите сметаат дека првата линија на одбрана мора да биде информираноста и вниманието кое го посветуваме кога ги споделуваме личните податоци во интернет просторот или кога едноставно се согласуваме на тоа нашите податоци да бидат споделени било да е за купување на одреден производ или за добивање пристап до одредени информации.

„Она на што треба да внимаваат потрошувачите секако е кога се согласуваат на нешто, кога кликаат accept, што се` содржи тој договор, да го прочитаат внимателно, иако сите ние кога кога не плаќаме цена, туку плаќаме со нашите лични податоци условно речено, не внимаваме доволно, каде се` може да се искристат тие лични податоци.“ – вели професор Д-р. Јадранка Дабовиќ Анастасовска – професор Правен факултет „Јустинијан Први“

Во случај кога не сме задоволни од тоа што сме го добиле за сметка на нашите лични податоци, што е имплементирано сега во нашиот Закон за заштита на потрошувачите, од Европското право, е дека сме изедначени во заштитата, т.е. и кога не сме платиле реална цена за тоа што сме го добиле, туку сме дале само лични податоци,  се смета дека е тоа цена и дека е потрошувачки однос кој го штити поторошувачот, објаснува професорката Дабовиќ Анастасовска. Доколку не сме задоволни од содржината која сме ја добиле, можеме да ги покренеме постапките како да сме платиле вистинска цена во пари и да добиеме обештетување во однос на тоа, ако ни е направена некаква штета.

„Ако се прави криминал, ако ни е злоупотребена сметката, прво треба да дојавиме до нашата банка, да сопрат можностите понатака да бидат симнувани пари од нашата сметка. Тогаш, тоа подлежи на кривичното, казненото право и можеме да бараме заштита од полицијата, обвинителството, во зависност каков е криминалот.“ – вели Проф. д-р Дабовиќ Анастасовска.

Правото малку доцни со својата глобализација со обезбедување на еднаква заштита секаде во светот на оние што глобално тргуваат. Со експанзијата на глобализацијата и на дгитализацијата правото не стигнува да биде еднакво за сите потрошувачи. Со новото европско потрошувачко право, имплементирано во новиот Закон за заштита на потрошувачите, ќе биде и регулативата или можноста, чуварите на портите, како големите социјални мрежи или мотори за пребарување, да бидат полицајци на своите платформи, за да не дојде до измама на потрошувачите. Експертите сметаат дека во случај кога се сомневаме на злоупотреба на нашите лични податоци, пожелно е да побараме правна помош.