Skip to main content

Угостителите бараат уредени плажи

Се распаѓаат угостителски објекти на плажите на Преспанско Езеро

На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите угостителски објекти на плажите на Преспанското Езеро денес зјаат празни и руинирани. Угостителите велат на Преспа и недостигаат уредени плажи. Најбројни на преспанското крајбрежје последните години се домашните гости и Холаѓаните.
 |  инфодеск  | 
Преспа

Се распаѓаат угостителските објекти, изградени во 2016 година на плажите на Преспанско Езеро.  На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите  објекти денес зјаат празни и руинирани. Жителите велат пред десеттина години во туристичките села на брегот на Преспа имало над  5000 туристи за викенд, а причина  биле убаво уредените плажи.

„Имавме два и пол киломтри уредена и чиста плажа. Од тие 2,5 км во Стење денес нема ни 100 метри уредена плажа. Нити општината не презела досега никакви активности , една година ние самите селани презедовме активности со свои средства сами направивме дел од овие плажи“, вели Славчо Георгиевски – жител на Стење.

И покрај тоа што плажите се уште не се средени, угостителите очекуваат плодна туристичка сезона. Најбројни на преспанското крајбрежје последните години се домашните туристи и холаѓаните.

„Очекуваме во новата сезона голем број на туристи наши од нашата држава.  Странските гости најмногу доаѓаат во Стење поради нашиот единствен остров на Преспанско езеро Голем град и пеликаните”, вели Кристијан Стојановски  угостител од Стење.

Преспа во 2016  година  имаше  шест модерно уредени песочни плажи во Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, Отешево и Стење.  

Новинар Соња Рилковска