Мост близнак
Се трага по маж кој утрово се фрлил во Вардар
Побарана е поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.
| инфодеск | Македонија
Екипи на МВР и противпожарните единици од утрово трагаат по лице кое се фрлило во водите на реката Вардар. Мажот скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.
Коритото на реката го пребаруваат тимови на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Преку Центарот за управување со кризи побараа поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.
Информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.