Сè уште се трага по Аниса и Мелиса
„Аниса и Мелиса сè уште не се пронајдени. Секоја информација ќе ни биде од голема помош. Ве молам споделувајте ја фотографијатa. Најважно е да се споделува фотографијата и да допре до се поголем број на луѓе“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
12-годишната Аниса од Скопје е исчезната од завчера. Родителите кои го пријавиле случајот во полиција и на социјалните мрежи објавија повик за помош.
Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.
Последен пат ја видов пред да одам на работа. Се подготвуваше да оди на училиште. Носи црна јакна и кафеави пантолони и висока е околу 163 сантиметри. Тоа што го знаеме е дека девојче, кое не ѝ е другарка, ја викнало за време на наставата, по што ѝ се губи трага. Не знаеме каде е ќерка ми – вели Енгин, татко на Аниса.
Родителот на Аниса апелира да го контактираат на 072 232 983 сите кои имаат некаква информација за ќерка му.
МВР го потврди случајот и посочи дека како исчезнато се води и друго постаро девојче со иницијали М.К. кое почесто исчезнувало од домот и ја враќале назад.