Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во Вардар
Вчера автомобил излета од патот на делницата Рашче – Кондово – Сарај и падна во реката Вардар.
| инфодеск | Македонија
Трагична несреќа ја потресе Македонија вчера, кога автомобил излета од патот на делницата Рашче – Кондово – Сарај и падна во реката Вардар. Од МВР утринава информираа дека вчеравечер во 21:05 часот екипи на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од водите на Вардар го извлекле возилото марка „ауди“ во кое биле пронајдени три починати лица. Полицијата сè уште трага во четвртото лице кое го управувало автомобилот.
Во автомобилот се наоѓало и 4 годишно дете, кое за среќа било спасено од страна на случајни минувачи. Детето е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а потоа згрижено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите информираа дека состојбата на детето е стабилна и дека нема повреди кои го загрозуваат неговиот живот.