Skip to main content

Седат Сулејмани ја презеде функцијата министер за култура и туризам

Во наредниот период се очекува Министерството да ги претстави приоритетите и конкретните активности што ќе бидат дел од програмата на новиот министерски мандат.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Министерството за култура и туризам беше извршено примопредавањето на министерската функција, со што Седат Сулејмани и официјално ја презеде должноста министер за култура и туризам.

При примопредавањето, новиот министер му се заблагодари на својот претходник, Зоран Љутков, за неговиот ангажман и придонес во изминатиот период.

Со преземањето на функцијата, Сулејмани најавува почеток на нов период, фокусиран на унапредување на културата и туризмот, јакнење на културните институции, поддршка на творештвото, уметниците и младите автори, како и спроведување политики насочени кон интересот на граѓаните и развојот на државата.

Во наредниот период се очекува Министерството да ги претстави приоритетите и конкретните активности што ќе бидат дел од програмата на новиот министерски мандат.