Skip to main content

Седум сигурни кандидати за Претседател

Уште пет лица кои најавија кандидатура сè уште собираат потписи на граѓаните. Рокот за собирање на потписи истекува на осми март.
 |  инфодеск  | 

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова покрај партиска добија и граѓанска поддршка и официјално станаа кандидати за претседател на престојните избори. Сега на листата на претседателски кандидати место си осигураа седум.

Неопходните 10 000 потписи ги собраа и градоначалникот на Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски и Проф. Билјана Ванковска која доби поддршка од „Левица“.

Предходно Бујар Османи од ДУИ прв ги собра потписите, а следуваа Максим Димитриевски лидерот на „ЗНАМ“ и Арбен Таравари кандидат на коалицијата „Вреди“.

Вело Марковски, Мерсиха Смаиловиќ, Господин Поповски, Зорица Цветкоска и Ѓорги Манасков сè уште собираат потписи на граѓаните. Рокот истекува на осми март.