Шефот на косовската дипломатија во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени в петок треба да допатува во официјална посета на Македонија.
Скендер Хисеини
Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени в петок треба да допатува во официјална посета на Македонија.
Хисени, освен со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и од премиерот Никола Груевски.
Министрите Милошоски и Хисени ќе разговараат за насоките за развивање на политичката и економска соработка, а ќе разменат мислења и за ситуацијата во регионот.
На средбите се очекува да биде потенцирана потребата од регулирање и интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.
Косовските гласила деновиве јавија дека Милошоски и Хисени ќе разговараат за отворање на амбасади во Скопје и во Приштина.
{loadposition content9}