Skip to main content

Секој ден, 20 македонци заболуваат од рак

Секоја година во Македонија од рак боледуваат во просек по 7.330 лица, или секој ден имаме по 20 нови лица заболени од рак. Од нив 4.625 лица годишно починуваат од оваа болест.

logo
лого

Секоја година во Македонија од рак боледуваат во просек по 7.330 лица, или секој ден имаме по 20 нови лица заболени од рак. Од нив 4.625 лица годишно починуваат од оваа болест.

pacientiОва е дел од анализата на меѓународната Агенција за проучување на ракот на Светската здравствена организација кои се направени за Македонија за 2012 година.Овие податоци вчера беа претставени на основањето на првиот македонски Сојуз за борба против ракот МАСБОРАК. Во овој сојуз членува и здружението за борба против ракот и леукемија кај децата „Пеперутка“ и други здруженија кои делуваат на полето на борба против ракот од Струмица, Прилеп, Штип, Битола, Свети Николе.

„Ќе бидеме упорни во нашите барања пациентите подеднакво да се лекуваат, со најсовремена терапија, постојано ќе бараме активности од релевантните фактори во државата за рано препознавање на ракот, заеднички ќе бараме начини и средства за потполно ослободување од партиципацијата за сите здравствени услуги за болните од рак“, изјави Јовица Пријевиќ, првиот претседател на МАСБОРАК.

Од состанокот беше упатено и барањето до сите релевантни фактори достигнувањата како во поглед на дијагностика, лекување и поддршка на пациентите од рак во светски рамки што поскоро да бидат достапни и до македонските пациенти.

{loadposition content9}