Семинар за евроинтеграции и македонски јазик
Семинар за влијанието на терминологијата што произлегува од процесот на преведување на правото на Европската Унија врз македонскиот јазик ќе се одржи денеска и утре во Скопје.
лого

Семинарот насловен „Евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик“ со воведно обраќање ќе го отвори вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.
Целта на семинарот е запознавање и обучување на целните групи со начините и правилата за утврдување на терминологија по стандардите и во духот на македонскиот јазик.
Исто така ќе стане збор и за подобрување на нивото на квалитет на преводите на правото на ЕУ преку соработка со сите надлежни институции и учесници во процесот на подготовка на национална верзија на европското законодавство.

{loadposition content9}