Сеуште се бара третиот македонец на Халкидики
И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели живи.
Вчерашната потрага во вода, од воздух и на копно не донесе никакви резултати.
Откако не беше пронајден 28-годишниот од грчката крајбежна служба соoпштија дека потрагата ќе продолжи се до разденување, а за било какви новости ќе информираат со ново соопштение.
Неговиот другар 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство околу 15 часот во морската област околу 15 наутички милји западно од Посиди. Бил превземен со танкер, а потоа бил префрлен со патролен чамец на крајбежната служба и пренесен на пристаништето во Неа Скиони.
Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас – рече градоначалничката која не можеше да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.
Додаде дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо.
Спасувачката акција започнала во саботата во поладневните часови откако тројцата македонци влегле во морето на плажата Мити и поради лошото време се оддалечиле од брегот.
Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.
Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак вчера, беше пронајден и 30-годишниот Иван.