Пристигнаа Шангајските експерти, ќе ги чешлаат универзитетите
Експертите од Џао Тонг Универзитетот од Шангај, кој ја прави престижната Шангајска листа на топ 500 универзитети во светот, пристигнаа во Скопје и нивна задача ќе биде да направат ранг-листа на македонските универзитети, од најлошиот до најдобриот.
| Маја Савиќ | Македонија
ftu
Експертите од Џао Тонг Универзитетот од Шангај, кој ја прави престижната Шангајска листа на топ 500 универзитети во светот, пристигнаа во Скопје и нивна задача ќе биде да направат ранг-листа на македонските универзитети, од најлошиот до најдобриот.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека сите високообразовни установи се должни да ги достават сите податоци кои ќе им бидат побарани кои се во функција на рангирањето.
„Треба да се достават, без разлика на каков тип на податоци станува збор и финансиски и податоци за професорите, податоци за предавањата, податоци за самоевалуацијата и предвидено е сериозни казни за оние кои нема да ги достават податоците“, рече тој.
Извршниот директор на Центарот за Светско рангирање на Универзитети, проф.др. Јинг Ченг, рече дека најпрвин тој и неговиот колега – Деканот на Шангај Џао Тонг Универзитетот, проф.др Ниан Кај Лиу, ќе го проучуваат високообразовниот систем во Македонија, ќе ги анализираат индикаторите за евалуација на образованието користени во други земји и потоа ќе пробаат да ги селектираат оние кои сметаат дека се соодветни за високообразовниот систем во Македонија.
„Прво ќе ги разгледаме квалитетот и ефикасноста на предавањето и учењето, а второ што ќе биде анализирано се истражувањата и третото е социјалниот сервис на универзитетот“, рече Јинг Ченг.
Тие информираа дека имаат листа на повеќе од шеесет индикатори, и ќе дискутираат со домашните експерти за да утврдат кои од нив се соодветни за домашниот високообразовниот систем.
Тодоров, кој денеска со нив го потпиша договорот со кој ќе отпочне процесот на рангирање на македонските универзитети, рече дека суштината на ова истражување не е некој од универзитетите во Македонија да се најде на Шангајската листа.
Поентата е Џао Тонг Универзитетот или оние кои ја креираат Шангајската листа, да направат рангирање на македонските универзитети па да видиме кои од македонските универзитети има најдобри перформанси, кој има послаби, а кој има најслаби перформанси. Нормално, тоа ќе биде добро сознание и за пријателите од Џао Тонг Универзитетот да дознаат информации за високообразовните институции во Македонија, кои можеби ќе ги искористат и за правењето на следната Шангајска листа“, рече тој.
Договорот за рангирање на универзитетите ќе чини околу 100.000 евра. На престижната Шангајска листа се наоѓаат врвните 500 универзитети во светот, а засега убедливо првите места на неа ги држат трите американски универзитети – третото место е за Стенфорд универзитетот, втор е универзитетот од Калифорнија, Беркли и број еден во светот е Харвард.
{loadposition content9}