Што прават полицајците кога се на работа???
Додека еден спиел на работното место тројца се пијанчеле, нивна колешка фалсификувала податоци, на други пак им бегале приведните. Шеснаесет полициски служебеници се парично казнети од 10% до 20% од плата во времетраење и до шест месеци.
| Маја Савиќ | Македонија
полицајци
Додека еден спиел на работното место тројца се пијанчеле, нивна колешка фалсификувала податоци, на други пак им бегале приведните. Шеснаесет полициски служебеници се парично казнети од 10% до 20% од плата во времетраење и до шест месеци.
Најголема казна измината недела заработила служебеничка од СВР Куманово. Работела како помлад референт за лични карти, а службената положба ја злоупотребила со внесување на невистинити податоци во компјутерската евиденција. М.Е. во наредните шест месеци за делото кое го направила ќе добива за 20% по мала плата.
Тројца полицајци за консумирање алкохол ќе добиваат помала плата. В.Г. и Л.Т. двајцата вработени во полициска станица Штип добија 10% помали плати во наредните три месеци зошто пиеле и биле во алкохолизирана состојба на работното место. Нивниот колега Ж.М. од полициската станица во Куманово за истото дело доби казна од 10% помала плата, но во траење од еден месец.
Само еден полицаец не успеал докрај да одговори на обврски и заспал на работното место. А.С. полициски службеник во полициската станица за надворешно физичко обезбедување на објекти доби казна од 15% помала плата за еден месец, зошто го фатиле додека спие на работното место.
В.А. и А.А. полицајци во полициската станица во Струга не биле внимателни. На двајцата им избегале приведените лица. За не вниманието сега ќе добиваат помали плати за 15% во наредните шест месеци.
Полицискиот службеник задолжен за обезбедување на државната граница од полициската станица Делчево ќе добива пониска плата за 15% наредните три месеци. О.И. бил фатен на дело како управува возило со странски регистарски ознаки без полномошно.
Останатите осум полициски службеници се казнети за не навремено изготвени записници, оддалечување од работното место, неизвршување на наредби и дрско разговарање со старешините.
{loadposition content9}