Шверц на 3 тони пилешко од Македонија
Неуспешен обид да се шверцува пилешко од Македонија во Бугарија. Откако бугарски државјанин легално од Струмица купил три тони пилешко месо, се обидел нелегално да го извезе.
| Маја Савиќ | Македонија
пилешко
Неуспешен обид да се шверцува пилешко од Македонија во Бугарија. Откако бугарски државјанин легално од Струмица купил три тони пилешко месо, се обидел нелегално да го извезе. Со намера да ја избегне царинската контрола, на граничниот премин Ново село пријавил дека комбето е празно, а месото го сместил во посебна преграда. По контролата од страна на царинските служби констатирана е непријавена стока. Против возачот Царинската управа ќе поведе соодветна постапка за утврдување одговорност. Пилешкото месо е со потекло од Бразил и е увезено со сите потребни анализи и дозволи. Откако е одземена, стоката е предадена на Агенцијата за управување со конфискуван имот. Сега, со ова конфискувано месо, ќе се насладуваат затворениците од Идризово. На затворот го предава, токму Агенцијата, со цел да се искористи како храна.
Досега имало многу обиди за шверц и на неисправно месо, во земјава, а не обратно како овој случај. Производителите постојано обвинуваа за нелојална конкуренција.
{loadposition content9}