Skip to main content

Шверцувале марихуана во кајче преку Охридското езеро

Запленети се 105 килограми марихуана, уапсени се двајца жители на тетовските села Селце и Стримница кои ја пренесувале дрогата од Албанија преку Македонија кон западна Европа.

 |   | 
droga
дрога

Запленети се 105 килограми марихуана, уапсени се двајца жители на тетовските села Селце и Стримница кои ја пренесувале дрогата од Албанија преку Македонија кон западна Европа.

Според МВР марихуаната била спакувана во 99 пакети облепени со трака и на западноевропскиот пазар вредела околу 400-тини илјади евра.

Полицијата ги уапсила двајцата шверцери во близина на прилепското село ропотово половина час по полноќ. Во нивното возило марка Волво пронајдена е спакуваната дрога, одгледана најверојатно во Албанија.

– Во извршените разговори осомничените посочуваат дека марихуаната ја подигнале во близина хотелот Еуротел во Струга и дека најверојатно нивните албански партнери ја внеле во Македонија со кајче преку Охридското езеро, изјави, Иво Котевски, портпарол на МВР.

{loadposition content9}