Skip to main content

Силјановска-Давкова со предност од над 180 илјади гласови повеќе во однос на својот противкандидат Пендаровски

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг од претседателските избори.
 |  инфодеск  | 

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Македонија повторно твоја и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, влегуваат во вториот круг од претседателските избори.

Силјановска- Давкова има 362.682 (40,08%) гласови по обработени 99% од гласачките ливчиња , додека Стево Пендаровски има 180.306 (19,93%) гласови.

На вчерашниот прв круг од изборите, Сиљановска Давкова, победи во 60 општини во државата, а Пендаrовски освои најмногу гласови во 3, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина.

Според неофицијалните резултати од ДИК , по обработени 100% од гласовите, во Охрид,,  за Сиљановска Давкова гласале  14.702 или 54,09% од избирачите. Додека, пак Пендаровски доби  5.534 гласа или 20,36%. Следува Максим Димитриевски со 3.015 гласа, Бујар Османи доби 1.330 гласа, Билјана Ванковска 1280, Арбен Таравари 370 и Стевчо Јакимовски 132.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, напати дури се срамам зарем е можно толку луѓе вака да реагираат. Знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин, изјави кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова синоќа на прес конференција по објавувањето на првичните резултати од гласањето. 

Постојано повикував на владеење на правото ама уште повеќе на насушната потреба од единство во оваа држава. Запомнете , јас ќе соработувам со партијата што ме предложи, ќе соработувам со премиерот, со министрите, но ќе соработувам и со опозицијата и со невладиниот сектор и со медиумите“, потенцира Давкова.

Резултатите не се такви какви што очекувавме, но утре е нов ден, од утре повторно почнуваме со средби со граѓани кои ги пратикувавме и досега и почнуваме практичнo од нула, кажа синоќа кандидатот Стево Пендаровски, на прес-конференција.

„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде, како и во изминатите 20 денови, да го промовирам концептот во кој длабоко верувам, на држава која не е изолирана , која е интегрирана во Европа и која внатре нема поделби по било која основа. Тоа е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само во изминатите 5 години од председателскиот мандат туку откако паметам за себе“, рече Пендаровски.

На изборите за  седми претседател на државата на гласање излегле  48,46 проценти од гласачите или 7 % повеќе од изборите во 2019 година. Според податоците на ДИК до затворањето на гласачките места, од вкупно 1.814.317 запишани избирачи, гласале речиси 904 илјади граѓани.  Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8-ми мај, заедно со парламентарните избори.