Силно невреме во Скопје
Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплави на голем дел од улиците, подвозници, куќи и дворови. Има и искршени гранки и дрва, но и урнати монтажни објекти.
Сеуште нема официјални информации за штетите од невремето со пороен дожд и град, но поплави и штети има во речиси секоја скопска населба.
На улицата кај МТВ има речиси еден метар вода, поради што движењето е отежнато.
Иста слика е и од населбата „Јане Сандански“.
Невремето создаде проблеми во проодноста и кај Олимпискиот базен.
Оние кои се затекнаа надвор на невремето се снаоѓаа како знаат за да се движат низ пловните улици.
Една од проблематичните точки кога има пообилен дожд е подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“ каде и овој пат немаше исклучок. Таму беше заглавено возило на брзата помош.
Регистрирани се и неколку штети како искршени дрвја, откорнати табли, урнати монтажни објекти.
Извор/360степени