Skip to main content

Синдикатот на генерален штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците.

SSM
ССМ
Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците.

Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови.

SSMБарањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи – работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стечајни работници прогласени за технолошки вишок.

Синдикалците, исто така, бараат зачувување на животниот стандард на работниците со преземање ефективни мерки за сузбивање на појавите на неконтролирано зголемување на цените на основните прехранбени производи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му даде целосна поддршка на штрајкот и ги повика сите членови да излезат на плоштадот Пела во Скопје и масовно да го поддржат.

 

{loadposition content9}