Синоќа невреме во Скопје, денес услови за ваква појава во поголемиот дел од земјата
Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа синоќа во македонскиот главен град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За денеска (26.05) попладне од Управата најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во одредени делови во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Според прогнозите, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони. Утре и во среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.
Екипи на јавните претпријатија ЕВН и ГАМА синоќа беа на терен и преземаа соодветни мерки за справување со последиците од силното невреме што синоќа го зафати Скопје.
{loadposition content9}