Skip to main content

Синот на почината пациентка застрела доктор во Скопскиот клинички центар

Утрово во 9 часот и 30 минути на државната клиника во Скопје беше ранет хирург. 

 |  Мишел Наумоски  | 
klinika

Револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот хирург. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Овој инцидент предизвика низа реакции кај целокупната јавност, и во реалноста и  на социјалните мрежи.  Први се огласија лекарите од клиничкиот центар, кои веднаш по инцидентот ги откажаа прегледите и операциите, за подоцна нивниот став да го сублимираат во барање за оставка на Министерот Тодоров.

klinika skopjeМорална одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров, законот за здравствена заштита да се врати како тој пред 2011 година, откога со измените лекарите се доведени во ваква состојба и Лекарската комора да предложи закон за лекари кој Владата ќе го прифати без забелешки – ова се барањата на лекарите по денешната средба. 

На социјалните мрежи пак лавина од коментари. Како и секогаш јавноста поделена. Некои се на страната на лекарите, а некои пак ги обвинуваат за несовесно работење и корупција. Дел вината ја гледааат во министерот, а дел  проблемот го лоцитаат во менталитетот на македонскиот граѓанин. Еве дел од  коментарите на социјалните мрежи:

zastrelan hirurg“Кога пациентите го канализираат бесот кој всушност произлегува од нефункционалниот систем, го исфрлаат врз лекарот, затоа што министри, директори, сите се е со ореол на главата. Лекарите се дежурни виновници и за пациентите и за министерството. И да, точно е дека има лекари кои непрофесионално си ја работат работата, но единствениот кој има моќ да влијае на тоа не ги чепка, зошто е тоа така? Затоа што празната глава полесно клима, а свитканата кичма не излегува на протести и полесно собира гласови и бланко потписи.”

“Лекaрите вo Клинички центaр рекле декa ги oткaжувaaт сите oперaции, се дoдекa Тoдoрoв не дaл oстaвкa!? Спoред кoј зaкoн вие си прoглaсувaте мoрaтoриум зa oперaции вo држaвни клиники, нaјгoлем центaр вo Мaкедoнијa, кoј сите гo издржувaме и плaќaме, a дoбивaме ѓубре oд услугa ? Кaде бевте дa бaрaте oстaвкa кoгa сите бaрaвме, зa еден куп пoчинaти децa и луѓе? Вие сте истите тие, кoи не гo пoддржaвте вaшиoт кoлегa синдикaлец Стaвриќ, кoгa сaкaше дa гo турне Тoдoрoв и гo oстaвивте нa милoст и немилoст нa oвoј систем, прoтив кoј сегa се буните!!

incident klinika skopje“Министерот со неговите законски измени и популистички изјави им наметна на пациентите таков однос кон лекарите и целиот медицински персонал, што кога влегуваат во амбуланта треба да им се извиниш што ќе ги прашаш кои им се симптомите.”

“Правдате пациент што пукал во доктор? Има клиники за вас а и ова што ви нуди здравството ви е многу. Јас да ви кажам, една гинекологија направија ја изгазивте за две недели личи на штала,  лепете мастики и потпишувајте се во новите соби во студентски дом, после не ви чини. Копита, копита насекаде.”

 “Тексас! Див Запад! Докторите ги третираат како клошари, а не како луѓе кои спасуваат животи! Ама тоа е со неписмен народ!” 

Кој и зошто е виновен за денешниот инцидент, треба да се произнесат надлежните институции. Како и да е, зголемениот број на контроверзни смртни случаи на пациенти во последниве неколку месеци, ненавремено пружените  и несоодветни здравствени услуги, недостатокот на основен медицински материјал и лекови по болниците, како и денешниот инцидент на застрелан лекар, укажуваат дека во нашиот здравствен систем жртви се и пациентите и лекарите.

А, министерот Тодоров и во овој случај чувствува морална одговорност, но не помислува да даде оставка.