Скандал во Европскиот парламент
На трибината симболично наречена “Замолчувајќи го пресот во Европскиот парламент во Брисел“, се случи инцидент со македонските новинари. Новинарите Велиновска, Неделковски и Нонковиќ иако не биле поканети од организаторот, побарале да учествуваат на дебатата како говорници, по што биле избркани. Тие реагираат и на односот но и навредите кои кон нив ги упатил европратеникот Шацирмакакис.
tribina
Трибината под наслов „Состојбите во новинартството во Македонија“ или симболично наречена “Замолчувајќи го пресот во Европскиот парламент во Брисел“, помина со инциденти со македонските новинари.
Имено на почетокот на дискусијата покрај поканетите претставници од Македонија новинарите Борјан Јовановски, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска, судијата Маргарита Цаца Николовска, како и Роберто Беличанец од невладиниот сектор, на трибината самоиницијативно дошле и новинарите Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ, кои побарале да учество во дискусијата.
Според тикерите Велиновска, Неделковски и Нонковиќ, не го дочекале времето кога сите учесници ќе го искажат своето мислење, туку го прекинале првиот говорник, станувајќи и викајки недолични зборови, истакнал Саша Буторац, асистент на европратеникот Јелко Кацин, по што ја напуштиле дискусијата за која тврделе дека е еднострана.
Тој додава дека она што се случувало на дискусијата, е забележано од сите eвропратеници кои били присутни, по што за инцидентот ќе бидат известени сите релевантни инстанци.
Од друга страна пак Велиновска, Неделковски и Нонковиќ велат дека тие побарале да учествуваат на дебатата како говорници и од кога им било ускратено ова право од организаторот, реагирале барајќи објаснување зошто говорници се само Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Цаца Николовска и Слободанка Јовановска.
Новинарите кои не биле поканети на трибината уште реагираат на односот и навредите изречени од страна на европратениците Јоргос Шацимаркакис и Јелко Кацин кон нив. Според изјавите дадени за македонските медиуми Неделковски вели дека додека излегувале, Шацимаркакис им се обрати со зборот „Малака“. Тој додава дека сите знаат што значи тој збор на грчки и се надева дека камерите кои биле присутни го регистрирале тој момент“.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се огради од вчерашното однесување на новинарите во Европскиот парламент за време на дебатата за медиумите во земјава. ЗНМ смета дека тие целосно ја посрамотија и дискредитираа професијата. Оттаму оценија дека овие скандали се очајнички обид да се одржи состојбата на статус кво во новинарството, од кое најмногу профитираат овие колеги.
Од ЗНМ, потсетувајќи дека двете групи на новинари кои излегуваат со есктремно спротивставени ставови, не ја одразуваат реалната состојба на медиумите и новинарството, туку претставуваат исполитизирани ставови за слободата на медумите.
ЗНМ го осуди и однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимаркакис, кој, според нив, навреди македонски новинари со погрдни зборови.
„Европратеникот Шацимаркакис треба да се однесува со почит кон македонските новинари како што се однесува кон секој европски новинар“, велат оттаму, но потенцираат дека исто така, и македонските новинари треба да се однесуваат согласно етичките стандарди на Кодексот на новинарите.
{loadposition content9}